(ФОТО+ВИДЕО) Бошковска: Колкаво ќе биде прологирањето на државната матура зависи од МФ
Државниот испитен центар има неуспеши преговори со ресорните министерства (МОН и МФ). Од ДИЦ бараат повисоки плати, а не им одговараат досегашните понуди од надлежните. На денешната прес-конференција, Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ кажа дека е невозможно државата матура да биде реализирана на 27. мај, како што досега беше планирано, изјави дека ќе доцни истата, а и резултатите на матурантите.
Колкаво ќе биде пролонгирањето на државната матура, според Бошковска, зависело од Министерството за финансии.
„Се надевам дека нема ова пролонгирање да биде подолго. Има несогласувања, но се уште сме здружени. Поголем дел од вработените се се уште во штрајк. Спремни сме да работиме деноноќно, за да ги реализираме активностите за државна матура, но во прашање се веќе минути, а не денови. До петокот, ако прекинеше штрајкот, беше возможно да се реализира. Ако државата смета дека не сме важни, зошто ние да се жртвуваме и да работиме по 20 часа“, изјави Бошковска во изјава за медиумите.
Штрајкот на Државниот испитен центар влегува во трета недела. Тие на 24 април известија дека почнуваат штрајк оти 11 од вкупно 29 вработени кои се на различни позиции се изедначени и земат минимална плата од 20.000 денари.
Синдикалната организација на Државниот испитен центар најави дека ќе штрајкуваат се додека не добијат согласност од Министерството за финансии за покачување на платите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа