ФОТО: Запленети непријавени евра на ГП „Табановце“

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за нелегално изнесување на 6.800 евра, откако при контрола на патник откриja поголема сума непријавени девизи.

-Лицето е македонски државјанин и на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување. При извршената контрола, во рачна торба на патникот биле пронајдени 8.800 евра, за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло, информираат од Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра, износ што може да се изнесе без да се пријави, додека останатите 6.800 евра се задржани.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

 

26.07.2024 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега