(ФОТО) Вучиќ: Меѓу нашите земји има само едно отворено прашање – чие вино е подобро

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата во Прохор Пчињски, заедно со претседателот Стево Пендаровски, отиде во Врање, за што објави три пораки на својот Инстаграм профил.

Претседателот Вучиќ со Пендаровски ја посетија винаријата „Алексиќ“ и посочи дека меѓу Србија и Северна Македонија нема отворени прашања, освен едно: „чие вино е подобро“.

-Немаме отворени прашања со Северна Македонија, се додека не се разговара за тоа чие вино е подобро. Го донесов нашиот гостин @stevopendarovski во @aleksic_vina со надеж дека еднаш засекогаш ќе го затвориме и ова прашање!, објавено е на Инстаграм страницата будуќностсрбијеав.

02.08.2023 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега