(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски е неспособен, има тотален тотален хаос на ул. 50та Дивизија

 

„Негрижата и незнаењето на Горан Герасимовски постојано создава проблеми за центарци! Најнов пример е сообраќајната катастрофа како резултат на необележани улици, не поставување соодветна сигнализација и невоведување резидентно паркирање. Сево ова прави на 50та Дивизија автомобилите да не можат да се разминат, а жителите да се приморани да паркираат по тротоари“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
 
Во него дополнуваат дека оваа улица не била исклучок.
 
„Кадрите на СДСМ со години ја уништуваат општината, а центарци со соочуваат со супстандардни услови за живот. Хигиена на најниско ниво и урбана опрема која ја има само во ветувањата на власта. Редно е градоначалникот Герасимовски конечно да излезе од канцеларија, лично да им се извини и да им одговори на центарци, дали не сака или едноставно е неспособен да се справи со проблемите“, стои во партиската реакција на опозицијата.
23.02.2024 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега