(ФОТО) Средба Османи-Борел: Тема - Македонија во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета во Брисел оствари средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ.

Во фокусот на разговорите беа актуелностите поврзани со европското досие,  процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата.

Османи го акцентираше успешното завршување на скринингот, како и потребата од забрзување на  процесот на пристапување кон ЕУ што служи како силен мотиватор и движечка сила за реформи. Воедно, се осврна и на целосната усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, нагласувајќи ја и потребата од забрзана интеграција со учество во повеќе конфигурации на Советот на ЕУ, зголемена помош или прогресивен  влез во политиките и придобивките резервирани за земјите членки, што всушност претставува наш заеднички интерес.

“Полноправното членство на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива. Она што сега ни треба, е регионот да биде подготвен за членство, додека Унијата за проширувањето, односно да го задржиме кредибилитетот на процесот преку поголема интеграција пред членството” истакна Османи.

Соговорниците се осврнаа и на ЕУ интеграциите во поширок регионален контекст, а разговараа и за соработката и справувањето со последиците од руската воена агресија во Украина, ситуацијата во Газа и Блискиот Исток и други актуелни прашања од надворешно политичка и безбедносна природа. 

Во Брисел, Министерот Османи имаше прилика да се сретне и со специјалниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак.

23.01.2024 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега