ФОТО: Сите за НАТО наздравуваат со виски само Оливер Спасовски со ракија

Фотографијата која на социјалните мрежи ја објави експремиерот Ковачевски по повод годишнината од зачленувањето во НАТО, покажува дека Оливер Спасовски е единствениот кој што наздравува со ракија, додека останатите, веројатно тоа го прават со виски. Спасовски, сепак држи до македонската традиција, а кај нас се знае, нема подобро виски од добра ракија.

„Со храбрите и решителните одлуки на СДСМ, Северна Македонија е веќе четири години горда членка на најмоќниот воен сојуз - НАТО.

Во пресрет на одбележување на годишнината од членството во НАТО, ми беше чест што со претседателот на Собранието Јован Митрески, со поранешните премиери, поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, како и со поранешните пратеници, амбасадори, но и носители на високи државни функции, имавме можност разговаравме за придонесот на секој од нас во реализацијата на целиот процес, за придобивките од членството, како и за позицијата на Северна Македонија како членка на НАТО.

Денес, нашата држава е фактор за стабилност во регионот и пошироко. Безбедносната стабилност носи економски просперитет, а странските инвеститори ја препознаваат Северна Македонија како сигурно место за вложувања. Тоа значи подобри работни места за нашите граѓани, повисоки плати и раст на животниот стандард.

НАТО беше првата стратешка цел и успеваме да ја исполниме. Продолжуваме силно и одлучно и со новата победа на 8 мај, проевропската Влада на СДСМ и коалицијата ќе ја исполни и втората стратешка цел, Северна Македонија горда членка на Европската Унија.“ – напиша Ковачевски под оваа слика на социјалните мрежи.

 

 

26.03.2024 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега