ФОТО: Припадниците на Армијата се справуваат со пожарите во неготинско на тешко пристапниот терен на земја и од воздух

Припадниците на Армијата кои од утринава се вклучија во гаснењето на пожарите во неготинскиот регион во координација со сите инволвирани субјекти во моментот интервенираат на посочените критични точки на многу тешко пристапен терен на планината Серта со цел локализирање на пожарот и негово ставање под контрола, соопштија од министерството за одбрана.

„Двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ во претпладневниот период интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше“, стои во соопштението од министерството за одбрана.

14.07.2024 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега