(ФОТО) Прес24 вечерва од Бразда: Мештаните тврдат дека полицајци со фотографии го барале осомничениот за убиството на Вања

64-годишен жител на селото Бразда е главниот осомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска. Според извори на Пресс24 ова е лицето кое во моментов единствено се товари за делото убиство додека останатите четворица осомничени се товарат за други полесни кривични дела поврзани со грабнувањето и убиството на девојчето.

Тимот на Прес24 вечерва беше во Бразда. Мештаните велат дека изминатите неколку денови полициски службеници со фотографии го барале осомничениот. Велат, денеска било мирно, ништо не насетувало дека безбедносните служби токму во нивното село трагале по главниот осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Жежовски.

 

Меѓу останатите четворица осомничени има и една жена. Според последните информации од обвинителството мотивот е користољубие а неофицијално член на семејството на убиеното девојче бил во должничко/доверителски односи со лицето за кое постојат сомневања дека го нарачало убиството а кое до овој момент не е приведено од полицијата. Според непотврдени информации се работи за лице кое и е познато на македонската јавност.

04.12.2023 - 00:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега