(ФОТО) Костадинов: Доктори ги едуцираа средношколците за последиците од употребата на пиротехнички средства

 

Денес нашите доктори Катерина Јовановска, Софија Тушева и Гордана Георгиева од Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија ги посетија трите средни училишта во Струмица и ги едуцираа учениците за последиците од употребата на пиротехнички средства, информира градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалната мрежа „Фејсбук“.
 
Клиниката заедно со Европската медицинска студентска асоцијација - ЕМСА - Македонија ја организираат кампањата под мотото: “Не дозволувајте петардите да ви ги уништат празниците” и ги посетуваат средните училишта низ сите градови во земјата.

23.12.2022 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега