(ФОТО) Како на филм: Под Вишиот суд во Подгорица откриен тунел долг 30 метри

 

Владата на Црна Гора објави фотографии од тунелот ископан под зградата на Вишиот суд во Подгорица. Откако службениците на црногорскиот Виши суд во понеделникот откриле дупка на ѕидот на депото каде се чуваат доказите, ја алармирале полицијата, а подгоричките медиуми почнаа да шпекулираат какви докази исчезнале од судот преку мистериозниот тунел.

Претседателот на Вишиот суд Борис Савиќ во вторникот стави крај на шпекулациите и истакна дека ниту еден од судските списи или докази не е украден, пренесуваат црногорските медиуми.

– Утврдивме дека предметите во депото се преместени од нивната претходна локација. Списокот е комплетен, речиси ништо не недостасува. Утврдено е дека предметите се растурени. Не е точна информацијата дека нешто е украдено – изјави Савиќ.

И покрај тоа што само во последните две години во депото на Вишиот суд во Подгорица биле складирани речиси десет тони дрога, која послужила како доказ, Савиќ смета дека не станува збор за обид за грабеж, туку за подготовување на бекство.

– Се сомневаме дека целта бил лесен пристап до судот и до притворската соба – рече Савиќ.

Тој додаде дека вработените во Вишиот суд го нашле само отворот на тунелот на добро скриено место.

– Станува збор за тоа дека овој отвор се правел долго време, на што укажуваат неговите димензии – рече Савиќ.

13.09.2023 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега