ФОТО: Била бездомничка и зависник од дрога и алкохол, а сега заработува милиони
Елиза, која е поранешна наставничка, во еден момент од животот се нашла на улица, како бездомник, а била и зависничка од наркотици и алкохол. Таа денес заработува милиони на платформата OnlyFans
Приказната за Елиза Роус Ватсон (31) звучи како заплет од некој холивудски филм.
Таа е дипломиран психолог, а зависничка од дрога станала на 23-годишна возраст, кога започнала да работи како манекенка. Потоа започнала да користи кокаин и други опијати, а покрај тоа станала зависна и од алкохол. Со зависностите се борела четири години.
– Сите пари што ги заработував ги давав за алкохол и за кокаин – рекла Елиза за британските медиуми, а признава дека крадела пари и од својата мајка.
View this post on Instagram
Набрзо се нашла на улица, снаоѓајќи се и преспивајќи кај непознати мажи. Пријателката ја наговорила да побара соодветна помош, со неа заедно отишла кај анонимна група на алкохоличари. Како што раскажува Елиза, почнала да се справува со проблемите, а дотогаш неколкупати се обидувала да се самоубие додека престојувала во болница и кога била приведувана во полиција.
По рехабилитацијата се вработила во градинка. Таа вели дека во моментот кога се вработила била целосно искрена за своето минато и дека луѓето одлучиле да ѝ дадат втора шанса, за што е многу благодарна. Но, иако ѝ се допаѓала работата, не можела доволно да заработи, за да ѝ ги врати украдените пари на мајка ѝ, како и други долгови.
Поради тоа одлучила да се приклучи на платформата OnlyFans. Во 2019 година отворила профил на таа 18+ платформа, на почеток заработувала по 2.000 фунти месечно, а во текот на пандемијата и по 100.000 фунти месечно.
„Тоа не се само сексуални разговори, има и многу жени кои што од мене бараат совети“, раскажала таа.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа