ФОТО: Алил Демири е на слобода
Алил Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција по меѓународна потерницa е ослободен, пишува косовскиот медиум sinjali.com
Веста ја потврдил неговиот адвокат Бесник Бериша.
Бериша синоќа изјавил дека Демири не може да биде екстрадиран во Република Северна Македонија бидејќи барањето на македонските власти е одбиено од косовскиот суд .
Демири повеќе од 11 години е во бегство, а вчера беше уапсен по меѓународна потерница издадена од Македонија, како што соопшти МВР во координација на македонската и косовската полиција.
По Демири се уште важечка е екстрадицијата која е побарана во 2018-та година. Претходно Демири исто така беше уапсен во Косово и одлежа затворска казна за недозволено носење на оружје, но барањето за екстрадиција беше отфрлено.
За случајот имаше и второ судење, а Алил Демири, во скопскиот кривичен суд беше повторно осуден за тероризам, за 5-кратната ликвидација кај Смилковско Езеро и повторно доби доживотен затвор. Во бегство е ивториот осуден на доживотен затвор Африм Исмаиловиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа