Форумoт на жени на СДСМ со повик за осмомартовски марш

 

 

И оваа година да го одбележиме меѓународниот ден на жената, борбено на улиците, велат од Форумoт на жени на СДСМ.

„Солидарни и оваа година маршираме заедно за достоинствена работа, за живот ослободен од насилство и еднакви можности за секоја една!

Заедно да ја продолжиме долгогодишната борба за рамноправност на секое место и во секое време!

Ве повикуваме да марширате заедно со нас затоа што само заедно сме посилни. Во недела во 12 часот во Прилеп, се гледаме на марш!

Стартно место Могила на непобедените“, се наведува во соопштението.

04.03.2023 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега