Фолксваген го праќа Пасатот во пензија

Во Volkswagen решија да раскрстат со седаните, барем кога станува збор за верзии напојувани со фосилни горива.

Откако реши да ја повлече лимузината Passat од понудата, гигантот од Волфсбург наводно одлучил дека и поголемиот Arteon ќе го следи во „вечните ловишта“.

Добрата вест за сите фанови е што тоа нема да се случи преку ноќ, но и што се подготвува достојна замена.

Како што дознава Automotive News, Arteon нема да доживее реиздание, а сегашната генерација ќе оди во пензија во 2024 година. Ќе биде заменет со електричниот модел ID. Aero, кој беше најавен како концепт претходно оваа година.

Како што е познато, ID. Aero ја користи платформата MEB, а најавениот концепт понуди автономија од 620 километри во комбинација со батерии од 77 kWh. По ова, би требало да има сериски модел кој најверојатно за првпат ќе ја види светлината на денот на кинескиот пазар.

Да речеме и дека и помалиот модел Jetta треба да се повлече од американскиот пазар поради намален интерес. Кога станува збор за Golf, сите опции сè уште се отворени

15.09.2022 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа