Физички нападната медицинска сестра во Струга

 


Портпаролот Стефан Димоски информира дека А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од истото село.

– Вчера во 17 часот и 50 минути во ОВР Струга е пријавено дека во објект во состав на Општата болница во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од Велешта. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

 

01.03.2024 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега