Филипче: Во Србија има преставништво на „Фајзер“ па можно е тоа да ги забрза работите за набавка на вакцини

- Ние ги чекаме информациите од повеќе механизми и произвеодители, од повеќе механизми, според најавата и вакцините на „АстраЗенека“ преку „Ковакс“. Фајзеровите и кинеските ги очекуваме до крајот на месецот и сите овие системи кои сега функционират во делот на вакцинирање на постари лица и во делот на критичната инфраструктура ќе добијат дополнинелни дози, рече Филипче одговарајќи на прашање кога ќе стигнат уште вакцини.

Со вакцините на Спутник дневно се вакцинираат околу 2000 луѓе на ден, што значи дека остануваат уште 7000 вакцини и повтори дека 20 проценти не се појавуваат на вакцинирање.

Филипче вели дека можеби Србија има поголемо количество на  бидејќи има претставништо на Фајзер во нивната земја.

- Србија е специфичен пример, можно е тоа што е единствена замја во регионот која што има претставништво на „Фајзер“ ги забрза работите во стигнување на вакцина за толку кратко време во споредба со другите земји во регионот, речеФилипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2021 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега