Филип Илијев е еден од хероите во Кочани – со татко му цела ноќ им помагале на повредените

 

Филип Илијев е еден од хероите од страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.

Тој во моментот на избувнување на пожарот бил во својот дом, но кога го видел, сам отишол да помага.

Со себе го земал и својот татко, кој го разбудил, и заедно цела ноќ давале прва помош, како и носеле повредени лица до Амбулантата.

Тој во видео за SupportKochani упати и апел до блиските да не ги прашуваат и да не ги потсетуваат на тој настан затоа што може да дојде до психолошки пореметувања, панични напади.

„Сликата беше страшна… Луѓето изгледаа… не знам како да опишам, немам зборови со кој ќе се опише тоа“, вели Илијев.

26.03.2025 - 20:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега