ФЕРО ИНВЕСТ единствен нуди комплетна услуга за проектирање, изградба и откупување на струјата од фотоволтаици

 

ФЕРОИНВЕСТе единствена компанија на македонскиот пазар која нуди комплетни решенија за изградба на фотоволтаични електрични централи: од почетна идеја, преку изведба, одржување на електраната и обезбеден откуп на електричната енергија во иднина.

Во рамките на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ и другите сестрински компании, успешно функционираат различни служби и фирми кои квалификувано го водат инвеститорот низ сите фази на проектот:

- Правна служба која го советува и му асистира на клиентот низ сите административно - урбанистичко-правни постапки (потреби од урбанистички проект, основен проект, градежна дозвола, сопственост на земјиште, сопственост на кров итн.);

- АКВАВАТ - проектантско биро специјализирано за проектирање на обновливи извори на енергија;

- БРАКО – изработува метални конструкции и елементи по барање на Феро Инвест;

- ЕМС (Energy Maintenance Solution) - го изведува проектот на терен и во иднина се грижи за неговото оддржување преку 24-часовен мониторинг систем, со цел електраната непрекинато да произведува,

- РЕС (Renewable energy supply) - го гарантира откупот на произведената електрична енергија, што се очекува во скоро време да стане најголем проблем со оглед на зголеменото градење на фотоволтаични електрани и зголеменото производство на струја од нив во исто време кај сите капацитети. ФЕРО ИНВЕСТ при откупот на електричната енергија во иднина ќе даде предност на електраните изградени од негова страна.

ФЕРО ИНВЕСТ гарантира решение во најбрз рок и со најквалитетни компоненти од највисока енергетска класа ААА за изградба на фотонапонски електрани, а со своето портфолио од 100 милиони евра, компанијата нуди сигурност за секој инвеститор.

03.12.2022 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега