Фејсбук влегува во војна со антиваксерите

По повеќегодишна критика за неуспешно сузбивање на дезинформациите за вакцините и скоро една година од почетокот на коронавирусната пандемија, Фејсбук ја заостри својата политика со тоа што реши целосно да ги забрани неточните тврдења за ковид-19 на својата платформа и Инстаграм и обвинувањата што ги обесхрабруваат луѓето да не се вакцинираат, објави денес Радио Слободна Европа (РСЕ) цитирајќи повеќе светски медиуми.

 

Како дел од пошироката политика во борбата против ширењето дезинформации за вакцините, Фејсбук ги заостри правилата на почетокот на неделата, според кои лажните тврдења за ковид-19 и вакцините воопшто, се забранети на таа платформа, како и на Инстаграм, пишува Политико.

Продолжена листа на забранети тврдења ја вклучува идејата дека „ковид-19 се произведува вештачки“, дека „вакцините не се ефикасни во спречување на болести за кои се наменети“, дека „побезбедно е да се добие болест од вакцина“ или дека „вакцините се токсични, опасни или предизвикуваат аутизам“.

Промената на политиката е дел од поширокото соопштение на Фејсбук за мерките за промовирање на имунизацијата, рече Политико, додавајќи дека компанијата најави помош од 120 милиони долари заем за помош за министерства за здравство, невладини организации и агенции на ООН за да допрат до милијарди луѓе ширум светот со превентивни здравствени информации и ковид-19 вакцини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега