Европскиот парламент ја изгласа резолуцијата за Србија
Со 461 глас „за“ од вкупно 557 Европскиот парламент ја изгласа резолуцијата за Србија во која се бара меѓународна истрага и доколку се докаже кражба на изборите, Европската комисија бара се укинат пристапните фондови на Европската Унија за Србија.
Во резолуцијата, Европскиот парламент ја повикува Европската комисија да испрати експертска мисија во Србија која би ја проценила ситуацијата и на тој начин би ги поставила основите за социјален дијалог кој би ја вратил довербата во институциите, по примерот на „извештаите на Прибе“, кои се напишани во Северна Македонија и Босна и Херцеговина.
Се осудува недостигот на одговор од институциите на сериозните сомнежи за вмешаност на власта во изборни манипулации и злоупотреби, „што резултира со неказнивост и обезбедува континуитет на оваа практика“. Се повикуваат институциите да ги истражат и казнат одговорните за какви било криминални дејствија за време на изборите, како и за напади врз студенти.
Европратениците во резолуцијата повикуваат и на суспензија на финансирањето на Србија од ЕУ доколку српските власти не се подготвени да ги спроведат клучните изборни препораки или ако наодите од истрагата покажуваат дека српските власти биле директно вмешани во изборна кражба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа