ЕВРО2024: Роналдо e најдобар стрелец во историјата

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на европските првенства со 14 голови, кои ги постигна на пет континентални турнири.

Во Португалија 2004 постигна два гола, еден во 2008 година, три во 2012 година, уште три на ЕП во 2016 година, додека на последниот европски турнир постигна пет голови.

На второ место е легендарниот француски фудбалер и поранешен претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, кој сите свои девет голови ги постигна на Европското првенство во Франција во 1984 година, каде „триколорите“ ја освоија титулата победувајќи ја Шпанија со 2-0 во финалето.

На третото место се поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер и Французинот Антоан Гризман со по седум голови.

Следуваат Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, Португалецот Нуно Гомеш, Белгиецот Ромелу Лукаку, Холанѓаните Патрик Клајверт и Руд ван Нистелрој, Французинот Тиери Анри, Англичанецот Вејн Руни и Шпанецот Алваро Мората со по шест голови.

11.06.2024 - 18:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега