ЕВН повторно со проблеми во Слупчане: Екипите се соочуваат со физички напади, како и блокади за влез во селото

 

 

Неуспешни се обидите да се направи реконструкција на електродистрибуциската мрежа во Слупчане, а екипите добиваат вербални закани и се цел на физички напади, пишува „Макфакс“. Од ЕВН за „Макфакс“ велат дека одново има блокади за влез во селото. Тие додаваат дека ги повлекуваат екипите сѐ додека не се создадат нормални услови за работа.

„Екипите на ‘Електродистрибуција’ се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Сѐ додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување дефекти или, пак, да реализираат редовни работни активности во тој регион“, велат од ЕВН за „Макфакс“.

 

26.07.2023 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега