ЕВН ја доби понудата: ЕСМ нуди за 4 евра поскапа струја за следната година

ЕСМ ја достави понудата за цената на струјата за следната година. Универзалниот снабдувач на електрична енергија, ЕВН Хоме соопшти дека ЕВН нуди струја по цена од 57 евра за мегаватчас за покривање на 95% од вкупно планираните количини.

-Оваа цена е за околу 7,5% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 53 евра за мегаватчас, велат од ЕВН.

Дополнително, за покривање на останатите 5% од вкупно планираните количини, ЕВН Хоме доби најповолна понуда од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 120,01 евра за мегаватчас. Освен АД ЕСМ, на тендерот учествуваше и Соле24 ДООЕЛ.

За покривање на загубите на електрична енергија, Електродистрибуција доби најповолна понуда од АД ЕСМ, и тоа по цена од 105 евра за мегаватчас. Претходно оваа цена изнесуваше 100 евра за мегаватчас.

-Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри. Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција, велат од ЕВН.

 

30.11.2023 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега