Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, македонски адути на 35. Охридски пливачки маратон
Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски ја бранат честа на македонското пливање на 35. Охридски пливачки маратон. Традицијата е задржана, со оглед дека имаше сериозни проблеми со организацијата и постоеше опасност манифестацијата воопшто да не се одржи.
Но, од друга страна, конкуренцијата е скромна, има вкупно осум пливачи, меѓу кои само една дама. Станува збор за Аргентинката Рита Ванеса Гарсија.
Покрај Поп Ацев и Илиевски, во водите на Охридското Езеро битка со километрите ќе имаат и Франческо Гетини од Италија, Aргентинецот Матијас Диаз Хернандез, Арне Фурлан Шутлар од Словенија, Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Тие пливаат на патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри.
Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа