ЕУ пресече: Секоја земја сама да одлучи дали важи стариот македонски пасош

 

Признавањето на патните исправи со старото уставно име на државата е работа на секоја држава поединечно, велат од Делегацијата на Европската Унија за МИА на прашањето за ставот на ЕУ во врска со предложените законски измени за продолжување на рокот на важност на пасошите со „Република Македонија“.

Сепак, како што додаваат од Делегацијата, важно е земјава да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и одредбите од Договорот од Преспа кои се однесуваат на замена на патните исправи.

„Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите за замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор. Потсетуваме дека признавањето на патните исправи издадени од трети земји е во надлежност на секоја земја членка одделно“,

велат од Делегацијата на ЕУ во одговор на прашањето на МИА.

Одговорот од Делегацијата на ЕУ доаѓа во пресрет на денешната собраниска седница на чиј предлог-дневен ред, меѓу другото, е и точката за предлог-измените на Законот за патните исправи. Измените со кои се бара продолжување на рокот на пасошите со старото уставно име ги предлага пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

28.02.2024 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега