ЕУ ќе донира 7 амбулантни возила на Скопската итна помош

Денес, амбасадорот Дејвид Гир на Службата за итна помош во Скопје ќе и донира 7 амбулантски возила.

Возилата ќе превезуваат болни или повредени лица до болниците во Скопје. Главниот град има најголеми потреби и население во државата и донацијата ќе го ублажи недостигот од возила.

Ова е најновата испорака на помош од ЕУ наменета да му помогне на здравството во обезбедување подобри услуги за граѓаните. Од 2021 година, Делегацијата на Европската Унија обезбеди системи за магнетна резонанца и за компјутерска томографија во осум болници низ земјата. Преку достигнување на стапка на искористеност на овие уреди како во земјите-членки на ЕУ, оваа медицинска радолошка опрема ќе придонесе за понавремена дијагностика. ЕУ продолжува да го помага здравствениот сектор во подобрување на целокупната здравствена инфраструктура. Проектите финансирани од ЕУ кои го поддржуваат спроведувањето на Стратегијата за здравство 2023-2030 и системот за трансплантација се во тек. Поддршка на програмата за скрининг и превенција на рак, програмата за неонатална грижа и надградбата на апликацијата „Мој термин“ се планирани за финансирање од ЕУ веќе во 2024 година“ се наведува во најавата за примопредавањето на Делегацијата

07.02.2024 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега