ЕУ до Украина: Пред зимата ќе Ви испратиме повеќе оружје и муниција
Лидерите на Европската Унија денеска ветија дека ќе продолжат со испорака на оружје и муниција за Украина. Во заедничката Декларација, ЕУ и вети на Украина испорака на дополнителни генератори на електрична енергија и мобилни топлински станици.-ЕУ ќе продолжи да дава силна поддршка за Украина и нејзиниот народ онолку долго колку што е потребно, се вели во Декларацијата.
Лидерите на ЕУ, исто така, ја поддржаа работата на законски предлог за тоа како да се користат приходите од управувањето со руските средства замрзнати во блокот за обнова на Украина.
Борел предложи да се мобилизираат вкупно 20 милијарди евра за воена помош од 2024 година до крајот на 2027 година, покрај 50 милијарди евра буџетска поддршка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа