ЕСМ: Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј вратени на мрежа, следната недела санација на Блок 2

 

 Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј во текот на вчерашниот ден се вратени на мрежа и непречено произведуваат електрична енергија. Блоковите беа подложени на краткотрајни санации по воочени слабости во текот на производниот процес од страна на стручните служби и беа навремено отстранети, информираат од АД ЕСМ.

Со тоа, како што велат, ЕСМ повторно работи со полн капацитет и во моментот на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана КОГЕЛ во Енергетика, ветерниот парк Богданци, како и хидроелектраните, пред сè, за давање системски и балансни услуги.

-Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела од функција ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена, најавуваат од ЕСМ.

Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 21.178 мегават часови електрична енергија.

09.02.2023 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега