Ердоган: Израел мора да го запре лудилото
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Израел мора да престане со „лудилото“ и да ги прекине нападите во Газа, пренесе АФП.
„Израелските бомбардирања врз Газа се интензивираа минатата ноќ и повторно беа насочени кон жени, деца и невини цивили и ја влошија тековната хуманитарна криза“, рече Ердоган на X. „Израел мора веднаш да го запре ова лудило и да ги прекине своите напади“.
Ердоган ги повика луѓето да присуствуваат на митинг за поддршка на Палестина на аеродромот Ататурк во Истанбул.
Gazze’ye yönelik sürekli artan ve dün gece yoğunlaşan İsrail bombardımanları yine kadınları, çocukları, masum sivilleri hedef almış, yaşanan insani krizi derinleştirmiştir.
İsrail derhâl bu cinnet halinden çıkmalı ve saldırılarını durdurmalıdır.…
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) October 28, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа