Епидемија на морбили во Сараево
Во кантонот Сараево во Босна и Херцеговина е прогласена епидемија на заразна болест морбили, објавено е во Службен весник на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Во документот се наведени мерките што ќе се преземат за сузбивање на епидемијата.
Според соопштението, за време на траењето на епидемијата ќе се спроведуваат мерките предвидени со Законот за заштита на населението од заразни болести.
Мерките вклучуваат едукација за превенција од заразни болести, рано откривање на изворот на инфекцијата и начините на пренесување, пријавување и изолирање на болните, хоспитализација и лекување, како и зголемена имунизација на децата, пренесува Klix.
Ова не е првпат во Босна и Херцеговина да се прогласува епидемија на морбили, со оглед на тоа дека претходно беше прогласена во Тузла и Бјелина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа