Емина: Сакам да се заљубам во новата година
Емина Јаховиќ Новата година ја дочека со семејството и пријателите во Истанбул, а за открива и што си посакала во Новата година.
-Посакав да бидам сакана и да сакам, вели Емина.
Според традицијата заедно со семејството го прославила доаѓањето на 2023 година.
-Така е уште од кога сум била дете. Прво семејно, а потоа излегов со пријателите кои дојдоа од Србија, додава пејачката.
Вели дека на синовите им ги исполнила сите желби и ги израдувала со подароците кои ги посакувале.
04.01.2023 - 19:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа