Експлозија во Пакистан - има загинати

 

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија што се случи денеска во немирниот пакистански југозападен регион Балучистан, јавува Ројтерс.

Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот преку објава на својот канал на Телеграм.

Експлозијата се случи по митинг на пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на поранешниот премиер Имран Кан, изјави високиот полициски офицер Зака-Ул-Хасан, неколку часа откако Кан беше осуден на 10 години затвор од судот за давање државна тајна.

Претходно пакистанската војска соопшти дека најмалку 15 лица, меѓу кои двајца цивили и четворица агенти за спроведување на законот, биле убиени во напад на сепаратистичките милитанти во Балучистан вчера вечерта.

Одговорноста за нападот ја презеде Ослободителната војска на Балузи (БЛА), најистакната од неколкуте сепаратистички групи кои дејствуваат во Балучистан.

30.01.2024 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега