Една викенд - куќа и два деловни објекти зафатени од три одвоени пожари во Скопје

Во три одвоени пожари во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје и во околината, изгореа една викенд - куќа и два деловни објекти. Повредени лица нема, соопшти МВР.

Во првиот случај пријавен вчера во 21.06 часот во СВР Скопје, се посочува дека во с.Добри Дол, општина Сопиште, на место викано „Перковец“, настанал пожар во викенд - куќа сопственост на П.С.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. 

Вториот пожар бил пријавен во 13.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на ДСУ „Димитар Влахов. Пожарот зафатил сува трева, но се проширил и на објект на фирма сопственост на О.Ј.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. 

Вчреа во 12.40 часот во СВР Скопје, бил пријавен пожар и на подрачјето на Чаир, кој настанал во објект на фирма сопственост на А.Р.(47) од Скопје. И во овој случај е интервенирано од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, по што пожарот бил изгаснат.

Засега нема информации за висината на пичинетата штета.

29.08.2024 - 18:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега