ДЗС соопшти во кој сектор има најмногу слободни места


Во првото тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места во земјава изнесува 2.03 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.59 % има секторот Административни и помошни услужни
дејности, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација,
во кој изнесува 0.50 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува
2.46 %.

Пелагонискиот регион е со највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.28 %. Најголем број слободни работни места, односно 2 023, има во петтата група занимања Работници во услужни дејности и продажба.

03.06.2024 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега