ДЗР: Само 52 отсто од мерките за реформи во правосудството се целосно реализирани

 

 

Во рамки на Буџетот на Република Северна Македонија од планираните средства во вкупен износ од 366 милиони денари за финансирање на 15 мерки, заклучно со 31.12.2021 година, реализирани се околу 74 милиони денари, односно 20%.- информираат од Државниот завод за ревизија.

Од ДЗР утврдиле дека од  вкупно 130 мерки, кои биле предвидени во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 година и Акцискиот план, целосно се реализирани само 52 отсто, делумно реализирани се само 34, а нереализирани се 14 отсто.

Причината за реализацијата од само 52 отсто од предвиденото, ревизија ја лоцира во повеќе фактори.

„Ваквата состојба се должи на несоодветно дефинирање на мерките за остварување на целите, отсуство на јасни мерливи индикатори, нереални рокови, проценети избори на финансиски средства, недоволна координација на институции и надлежни тела носители на мерки и активности“-велат од ДЗР.

Во соопштението од ДЗР стои податок дека за 15 мерки предвидени во Стратегијата и Акцискиот план биле планирани вкупно 366 милиони денари (речиси 6 милиони евра), меѓутоа до 31 декември 2021 година, вкупно се реализирани само 20 отсто односно околу 74 милиони денари (околу 1,2 милиони евра).

Како пример зошто толку малку е реализирано, ревизорите наведуваат што кај една најголемите ставки за изградба на нови просторни услови не се искористени дури 40 отсто од парите, како и за тоа што неискористени се 85 отсто од средствата за обезбедување посебен простории за обвинителствата сместени во просториите на судовите.

„Нискиот степен на реализација на планираните средства се должи на нереализирањето на предвидените средства за мерката ’Изградба на нови просторни услови‘, што претставува 40 отсто од предвидените средства, како и неискористеност во целост на средствата предвидени со мерката ’Јавно обвинителство на РМ за просторно уредување и одвоеност на ЈО од судовите‘, каде што се планирани повеќе средства од потребните 15 отсто“, -потенцираат од ДЗР.

Од Државниот завод за ревизија велат дека забележале пропусти во работата на Советот за следење на имплементација на Стратегијата.

17.01.2023 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега