Џафери - Бегај: Северна Македонија и Албанија се посветени на евроатланските интеграции


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска  во рамки на учеството на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност во Приштина, Република Косово, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
На средбата беше изразено задоволство од континуираниот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Албанија, како и развојот на билатералните односи меѓу двете земји. Соговорниците ја нагласија двостраната посветеност кон добрососедските односи.
Премиерот Џафери и претседателот Бегај, на средбата посочија дека Северна Македонија и Албанија, како сојузници во НАТО, се подготвени за продлабочување на меѓусебната соработка, со цел поактивен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница.
На средбата беа разменети мислења и за европските интеграции, како и продолжување на реформските процеси во двете држави.
15.04.2024 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега