Двајца тинејџери од Загреб одат во затвор, зашто на улица претепале Индиец
Поради напад од омраза врз 27-годишен странски работник од Индија на загрепската улица Ткалчиќева кон крајот на минатата недела, двајца 18-годишници ќе поминат по еден месец во затвор во Реметинац.
Загрепската полиција во саботата ја заврши кривичната истрага против двајца 18-годишници и малолетник поради сомнение дека физички нападнале лица во Загреб, 27-годишен државјанин на Индија и 52-годишен државјанин на Хрватска, објави Индекс.
Полицијата се сомнева дека на 22 август годинава околу 23 часот и 30 минути на улица „Ткалчиќева“ им пришле на 27-годишен државјанин на Индија и на 52-годишна хрватски државјанин и почнале вербално, а потоа и физички да ги напаѓаат, а кога 52-годишникот побарал на мобилниот телефон помош од полицијата, малолетниот напаѓач му го исфрлил мобилниот од рака.
За тоа време, уште еден 18-годишен маж физички го нападнал индискиот државјанин, соборувајќи го на земја, а потоа сите тројца го удирале со клоци и удари по телото. На помош на нападнатиот дошле граѓани, а осомничените побегнале. Но, тие биле запрени и уапсени од полициски службеници и приведени.
Алкотестот покажал дека кај 18-годишникот е потврдено присуство на алкохол во количина од 1,9 g/kg, кај малолетникот 1,57 g/kg и кај вториот 18-годишник 0,96 g/kg. Им била укажана лекарска помош при што било утврдено дека малолетникот и еден 18-годишник се со полесни повреди, додека другиот 18-годишник не е повреден.
Исто така, се додава дека кај осомничениот 18-годишен е пронајдена најлонска кеса полна со зелена растителна материја со изглед и мирис карактеристични за марихуаната, со вкупна тежина од 11 g.
Двајца 18-годишници се приведени во Општинското државно обвинителство, а малолетникот кај општинскиот обвинител за малолетници во Велика Горица. Полицијата потсетува дека законот за кривично дело од омраза предвидува затворска казна од шест месеци до пет години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа