Двајца грабнале жена пред нејзиното семејство, ставајќи и навлака за перница на главата

 

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново, за кого постои основано сомнение дека, во соизвршителство со друго засега непознато лице, сторил кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 7 декември, од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие насилно ја грабнале оштетената сопруга на осомничениот со кој била во бракоразводна постапка.

На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот.

На главата и ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

30.12.2022 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега