Душко Арсовски повеќе нема да биде владин портпарол

 

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека на досегашниот владин портпарол Душко Арсовски денеска му завршува ангажманот, на негово барање.

Ковачевски упати благодарност до Арсовски за досегашната работа како портпарол на Владата и му посака успех во следниот президвик во неговата професионална кариера.

- Голема благодарност верувам дека ќе упатат и медиумите со кои што во текот на изминативе две и пол години комуницираше на врвно професионално ниво. Практично и тој беше дел од процесот во кој што Владата како институција беше оценета како најтранспарентна, односно 100 проценти транспарентност, рече Ковачевски.

21.03.2023 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа