ДУИ за можната дестабилизација на државата: Секогаш сме имале визионерски политики

– ДУИ е потврдена политичка партија која секогаш се залага за добро на граѓаните. Ние продолжуваме со истите политики кои носат подобро утро за сите граѓани перспектива за сите. Ние се залагавме и се залагаме за нашата западна ориентација на нашата земја, а тоа беше и членството во НАТО и како втора стратешка цел останува членството во ЕУ, но исто така велиме дека ќе ги искористиме сите демократски механизми што ни се на располагање за да се санкционира, да се почитува волјата на граѓаните изразена на слободни и демократски избори. Тоа значи дека Владата мора да го одрази меѓуетничкиот легитимитет, рече портпаролот на Дуи Арбр Адеми.

Ќе ги употребиме сите демократски механизми за почитување на волјата на граѓаните, посочи Адеми за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека имал информации според кои ДУИ наесен преку протести планира дестабилизација на државата. Од партијата на Ахмети,, го повторија претходниот став дека секогаш имале визионерски политики за доброто на државата.

-ДУИ е државотворна партија и секогаш сме имале визионерски политики кои биле за добро на државата. Секако дека ние настојуваме и ќе ги употребиме сите демократски механизми за почитување на волјата на граѓаните каде што Владата мора да го одрази меѓуетничкиот легитимитет, изјави Арбр Адеми од ДУИ.

Во седиштето на ДУИ во Мала Речица во тек е седница на Централното претседателство на партијата.

07.08.2024 - 19:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега