ДУИ го заострува ставот - бара меѓународен ветинг за високи функционери

Денес, Претседателот Ахмети ја собра тесното претседателстви на партијата како пофждготовка за утрешниот состанок на централното претседателство. За време на овој состанок, беше дискутирано за лажната пропаганда и обвинувањата за корупција на високо ниво. Како партија, посветени сме борбата против корупцијата да не се претвори во битка за дневни и партиски интереси, туку да служи за откривање на вистината и спречување на овој штетен феномен, велат од ДУИ.

„Оттука ги  повикуваме сите политички партии, особено оние на власт, без одложување  да побара  меѓународната заедница мониторинг за сеопфатен ветимг  на сите јавни функционери во последните 30 години.
Овој чекор е клучен за зголемување на транспарентноста и враќање на довербата на граѓаните. Одбивањето на ова итно барање ќе покаже не само користење на лажни обвинувања за прикривање на вашата неспособност и коруптивност, туку и недостаток на храброст за соочување со вистината за корупцијата во земјата.
Ги повикуваме политичките субјекти меѓународната заедница да делува сега за да го поддржи овој процес“, стои во соопштението на ДУИ.
06.08.2024 - 18:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега