Државна плата ќе зема и сопругата на министерот Бектеши
И сопругата на министерот за економија, Крешник Бекеши, Улка Каба Бектеши ќе зема државна плата, пренесе Телма.
Таа се вработила во Агенција за остварување на права на заедниците, која е под директни ингеренции на Владата.
Според информациите на Телма, вработената е на местото виш соработник за изработка на проекти во секторот за изработка на проекти и комуникација со невладините организации.
Пред две години, и сестрата на Бектеши беше вработена во една енергетска компанија, по што во јавноста имаше бурни реакции. Бектеши, тогаш тврдеше дека не ургирал, туку дека сестра му сама се вработила. Реагираше Антикорупциска, која поднесе прекршочна пријава до министерот, заради судир на интереси, по што Бектеши плати казна од 500-тини евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа