Државата се уште не исплатила за студентски оброк: ,,Си играте со трпението на студентите''
Се уште не се исплатени финансиските средствашто законски им следуваат на студентите, тврдат од "Студентски отпор". Оттаму велат дека со тоа Владата и МОН го тестираст трпението на студентите.
-Според законското решение донесено пред само неколку месеци, за кое ние предупредувавме дека ќе биде на штета на студентите и ќе даде непосакувани резултати, предвидена е исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк до 15 декември оваа година. Она што е уште посимптоматично во овој случај е што конкурсот за аплицирање траеше до 3 декември, а студентите се уште немаат никаква информација за тоа кога ќе бидат исплатени ветените средства кои им следуваат на студентите, велат од младинската организација.
Студентите тврдат дека недостасува непосреден контакт до нив.
-Конфузното законско решение и недостатокот од директен и непосреден контакт со студентите и младите, доведуваат до кочење на процесите и нереализирање на она што на сите нас ни беше ветено, а истовремено испромовирано во името на грижата за студентите. Меѓудругото, изедначувањето на стипендиите кое беше наводно предвидено, се’ уште немаме одговор од надлежните институции дали ќе биде реализирано и покрај тоа што со големо задоцнување беа објавени конкурсите за стипендиите. Како загрижени студенти што се подготвени да се борат за она што ни следува, за подобар студентски и младински стандард во државата, бараме итен одговор од МОН и Министерот за тоа КОГА студентите ќе ги добијат средствата што законски им следуваат?, прашуваат студентите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа