Драма во Црниче: Со автомобил влетале во маркет и го украле сефот
Ноќеска во скопската населба Црниче бил ограбен маркет откако биле демолирани влезните врати и излозите.
На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот
Како што пренесува Телма, маркетот е ограбен откако автомобил влетал во влезната врата. Алармот се вклучил, а разбојниците го зеле сефот и избегале со црвен автомобил од типот караван.
01.04.2024 - 16:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа