Дождот добродојден во општина Чашка: Се гаснат повеќедневните шумски пожари

 

Дождот што околу 13 часот заврна и се уште врне над Богомила и останатите села во реонот на општина Чашка ги гасне големите шумски пожари и жаришта кои се активни во овој реон на планината Биса.

Како што информираат за МИА од РЦУК Велес, со попледневниот пороен дожд се гаснат сите пожари кои се активни веќе една недела во овој регион богат со шума. Дождот помага во гаснењњето на повеќедневниот голем шумски пожар помеѓу селата Габровник и Мокрени каде веќе една недела гореше мешана шума, кај село Ореше кој избувна денеска односно се префрли од село Гостиражни, прилепско и кој неколку дена се префрла од една и друга страна на планината. 

24.07.2024 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа