ДОМ организира трибина за менструална правда
Форумот на жени на партијата ДОМ утре ќе организира трибина на тема „Менструална правда во македонското општество“.
Како што е најавено, трибината ќе се одржи онлајн. Најавени се неколку говорнички. Ќе зборуваат претседателката на партијата, Маја Морачанин, претставничка на НВО ХЕРА, Катерина Иванова, претставничка на „Тиииит! Инк.“, Јана Коцевска и претставничка на „Новинари за човекови права“, Наташа Доковска.
08.03.2021 - 18:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа