Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа
На повеќето азиски берзи денеска цените на акциите пораснаа трет ден по ред, бидејќи се намалија стравувањата од банкарска криза и откако вчера берзанските индекси на Волстрит пораснаа за повеќе од 1 отсто. Кинеските берзански индекси утринава паднаа поради корекција на цените на акциите во технолошкиот сектор. Вчера тој сектор силно порасна, по веста дека Алибаба ќе биде поделена на шест деловни групи.
На валутните пазари благо порасна и вредноста на доларот. Индексот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,73 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 102,57 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0830 долари, додека вчера беше 1,0845 долари.
Цените на нафтата благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,31 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,26 отсто, на 72,80 долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа