Додека игра Македонија, „македонски“ министри ја бодрат Албанија во Тирана
Додека репрезентацијата на Македонија вечерва ги одмерува силите со Англија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, дел од министрите во македонската Влада се наоѓаат во Тирана каде што ѝ даваат поддршка на Албанија во дуелот против Фарските острови.
Според ТВ 21, вицепремиерот Артан Груби и министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва наместо на трибините на Градски се наоѓаат во албанската престолнина, каде што ќе го слават и официјалниот пласман на нашиот западен сосед на ЕП 2024.
Ваквиот потег на министри во било која друга држава би бил оценет како скандалозен и би бил осуден во јавноста. Особено што во составот на Македонија играат солиден број фудбалери од албанска националност како Мислиу, Барди, Алими и Алиоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа