Доцни февруарската плата во „Пошти“, вработените најавуваат штрајк

 

Вработените во „Пошта“ најавуваат штрајк ако Владата не најде начин редовно да им ја исплаќа платата.

На денешната прес-конференција по двочасовниот протест поради тоа што им доцни февруарската плата, вработените побараа Владата да се задолжи за обезбедување финансиски средства за редовна исплата на плата, како и преземање на итни мерки за реформирање и реорганизирање на компанијата.

-Повеќе пати разговаравме со новиот директор, но не добивме конкретен одговор кога ќе има исплата на плата. Сведоци сме дека денеска нема плата за работниците, а законскиот рок е до 15-ти во месецот. Моментално се 1800 вработени и околу 200 поштари на договор. Исто така бараме и да се реши статусот на поштарите кои работат за минимална плата и без здравствено осигурување, рече претседателот на Синдикатот на „Пошти“, Боро Велигденов.

Тој рече дека 80% од вработените се на минимална плата, а после 15 години, поштарите дури сега добиле зимски униформи.

18.03.2024 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега