Добра вест: Четворица од повредените во Пулс се враќаат дома по лекувањето во Софија

 

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува евентуална нова хируршка фаза.

Во „Пирогов“ остануваат да се лекуваат уште чевторица други повредени во Кочани.

Прес-центарот на болницата соопшти дека четворицата кои остануваат во болницата се во тешка, но стабилна состојба и се на интензивна нега. Во тек се бројни интервенции за нивно оправување.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа  пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени - од нив осум во болницата „Пирогов“ и по тројца во болниците во Пловдив и Варна. 

08.04.2025 - 10:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега